Екипата на Јувентус успеа да слави во големото дерби во рамките на 36.коло од Италијанската Серија А против екипата на Интер со 3-2

Кристијано Роналдо во 23.минута го донесе Јувентус во водство од 1-0 од пенал , кој од првиот обид не го реализираше, но по втор пат Португалецот беше прецизен и донесе предност за Јувентус.

Ромелу Лукаку за разлика од Роналдо во 34.минута беше прецизен од белата точка и донесе израмнување за гостите од Милано.

Во моментите кога сите очекуваа тоа да биде конечен резултат по првиот дел , Квардадо доби една топка на работ на шеснаесетникот и во 48.минута од првиот дел донесе предност од 2-1 за Јувентус што е конечен резултат по првиот дел.

Во 55 минута сега веќе екс-италијанскиот шампион остана со играч помалку затоа што Бентакур доби црвен картон (втор жолт), а Интер го изедначи резултатот во 85. минута преку автоголот на Кјелини.
Но тоа не беше се. Кога се чинеше дека мечот ќе заврши без победник, следуваше нов пенал за Јуве. Квадрадо го реализира за победа од 3:2.

Јувентус со 75 бода е четврти на табелата на последното место кое води во ЛШ, но зад него е Наполи со 73 бода и меч помалку. И Милан кој е третопласиран има 75 бода и меч помалку.