Сасуоло и Јувентус одиграа нерешено 3-3, спектакуларен натпревар со пресврти и шест гола, еврогол постигна Берарди за Сасуоло.

Јувентус поведе со 2-0 со головите на Данило и Игуаин по само 12 минути игра.

Следуваше одговор на Сасуоло со 3 гола, Ѓурчиќ, Берарди и Капуто донесоа неверојатен пресврт за домашниот тим.Берарди постигна голчоште, Шчесни не мрдна…

Јувентус успеа да израмни на 3-3 преку Алекс Сндро и стигна до бод од ова гостување.

Несторовски не доби шанса кај Удинезе, остана на клупата за резерви, натпреварот со Лацио заврши без победник 0-0.

Фиорентина го победи Лече со 3-1, Рома славеше против Верона со 2-1.