Италијанскиот првак Јувентус со победа ја стартуваше групната фаза во Лигата на шампиони, откако вечерва славеше на гостување во Киев кај Динамо со 2-0.

Творец на победата на „старата дама“ беше Мората со два гола во второто полувреме.

Напаѓачот на Јувентус на самиот старт на вториот дел наиде на одбиената топка по одбраната на Бишчан на ударот на Кулушевски и рутински ја смести во мрежата на домаќините.

Конечните 2-0 ги постави во 84 минута, кога со глава по еден центаршут на Квадрадо по втор пат го совлада голманот на Динамо Киев.

Во вториот натпревар вечерва во терминот од 18:55 часот,.гостинска победа извојува и Клуб Бриж, откако во самиот финиш го совлада Зенит со 2-1.

Бриж го отвори резултатот во   63 минута преку Денис, пред неговиот соиграч Хорват да ја смести топката во сопствената мрежа десет минути за 1-1.

Кога се очекуваше крај на мечот, Бриж стигна до трите бода, благодарение на де Кетеларе во 93 минута.