Фудбалерите на Јувентус ја совладаа Рома 1:0 (1:0), во натпреварот од осмото коло во италијанската Серија А.

Јувентус на тој начин стигна до четвртата победа, па сега се искачи на седмото место.

Рома останува на четвртото место по овој пораз.

Јувентус поведе во 16. минута откако Бетанкур  ја затресе мрежата за експлозијата во Торино.

А потоа во 44. минута контроверзен пенал.Абрахам одлично роби во шеснасетникот и помина низ одбраната на Јувентус , беше соборен и при падот упати удар на кој налета Мкхтаријан и ја смести топката во голот , но сепак судијата не почитуваше предност и досуди пенал.

Вертут беше трагичарот на Рома , бидејќи не успеа да го реализира пеналот.

Во второто полувреме, двата тима имаа по една одлична можност.

Бернандески го тестираше голманот на Рома веднаш на почетокот на второто полувреме.

На другата страна, Шчезни се истакна во 74. минута, кога го одбрани ударот на Матијас Виња.