Јувентус во трилер натпревар го совлада Наполи со 4-3, дерби од второто коло во калчо лигата.

Еден од клучните моменти на мечот беше прекршокот од Елмас врз Дибала по што следуваше гол за Јувентус кој е всушност автогол на трагичарот Кулибали.

Наполи негодуваше дека нема прекршок од македонскиот репрезентативец, ако внимателно се погледне стартот на Елмас ќе се забележи дека контакт нема.

Главен судија на натпреварот беше Даниеле Орсато.