Јувентус рутински против Спал во Торино, запиша победа со 2-0 со головите на Пјаниќ во првото и Роналдо во второто полувреме.

Пјаниќ го доведе Јувентус во водство со гол во финишот на првиот дел кога се чинеше дека ќе нема голови по 45 минути игра.

Конечните 2-0 ги постави Роналдо со гол со глава во 78 минута а на асистенција на Дибала. Буфон бранеше на оваа средба и го надмина Малдини, легендарниот голман има 903 настапи во калчото за две екипи.

Јувентус е прв со 16 бода пред Интер кој има и натпревар помалку, гостува кај Сампдорија од 18 часот.