Јувентус со го во 105 минута ја победи Џенова 3-2 која во Торино настапи без нашиот Горан Пандев, капитенот на македонската репрезентација е повреден.
Џенова одигра извонреден меч во Торино иако почетокот им припадна на домашните, Кулушевски и Мората донесоа комотна предност за „старата дама“ по само 23 минути игра во првиот дел.
Гостите се вратија на мечот со головите на Цибора и Мелегони кои погодија по еднаш во првиот и вториот дел за конечни 2-2 по 90 минути игра.
Јувентус запиша победа со голот на дебитантот Рафиа, погоди во 105 минута и го одведе Јувентус во четвртфиналето на Купот во Италија.
„Старата дама“ во оваа рунда го очекува подобрио од дуелот Спал-Сасуоло.
Comments are closed for this post.