Верона успеа да освои бод против Јувентус во 24 коло во Серија А и со ова да ја продолжи низата без пораз од „Старата Дама“.

Кристијано Роналдо во 49 минута по додавањето од Киеза го совлада Силвестри.

Ова како да ги разбуди домаќините кои одиграа сосема солиден натпревар па преку Барак во 77 минута израмнија на 1:1.

Овој гол се покажа како доволен за бод за Верона која на претходните две соочувања со Јувентус еднаш победи со 2:1 а на гостувањето во Туорино во октомври одигра 1:1.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Во следното коло Јувентус ќе ја дочека Специја а Верона ќе му гостува на Беневенто.