Интер и Јувентус во недела во Милано го играат големотo дерби на Италија. Екипата од Торино денеска одржа отворен тренинг за навивачите кои во голем број беа присутни на трибината.

Јувентус е зад Интер на табелата во калчо лигата, ривалството е големо, се очекува нова голема борба меѓу двете екипи.

Самодовербата кај Интер  е разнишана по поразот од Барселона во Лигата на шампионите, Јувентус запиша победа над Баер Леверкузен, сега сака да му нанесе пораз на Интер и да дојде до првото место на табелата.