Јувентус во супер интересен натпревар ја победи Специја на гости со 3-2, водеше со 1-0, па губеше со 2-1, и со „блицкриг“ го реши домашниот тим.

„Старата дама“ поведе со голот на Моисе Кин, а потоа прими два гола, супер погодок на Гјаси за 1-1, додека Антисте прави пресврт за 2-1 за Специја.

Јувентус прави пресврт со головите на Киеза и Де Лихт во 66 и 72 минута за прва победа сезонава во Серија А.