Јувентус запиша победа со пресврт во Бергамо, славеше над Аталанта со 3-1 со двата гола на Гонзало Игуаин во второто полувреме и еден на Дибала.

Аталната пропушти шанса за поволен резултат, при 0-0 не искористи пенал преку Бароу во 18 минута од средбата.

На полувремето се отиде без предност. Аталанта конечно по многу пропуштени шанси стуина до водство со голот на Хусенс по 11 минути игра во вториот дел.

Сепак Јувентус не се откажа, Игуаин со два гола и доенсе предност на „старата дама“ со голови во 74 и 82 минута. Победата ја потврди Дибала со гол во судиското продолжение.

Јувентус и натаму нема пораз во калчото, останува лидер  без оглед на средбата меѓу Торино и Интер која се игра вечерва од 20-45 часот.