Јувентус успеа да стигне до важна победа која ги остава со надеж дека можеби ќе се пласираат во Лигата на шампионите.

Но можеше се да тргне лошо за Старата Дама, доколку Буфон не го одбранеше пеналот на Доменико Берарди во 16-тата минута.

По овој потег Јувентус поведе преку Адриен Рабио во 28-та минута.

На 0:2 зголеми Кристијано Роналдо пред крајот на полувремето.

Надежите за Сасуоло во 59-тата минута го врати Џакомо Распадори по асистенција на Мануел Локатели.

Конечните 1:3 ги постави Пауло Дибала со гол во 66-тата минута, по една одлична асистенција од Дејан Кулушевски.

Сепак, она што не е добро за Јувентус е што победија и Милан и Аталанта, кои им се ривали за место во Лигата на шампионите, а вчера тоа го стори и Наполи.

Аталатна рутински дојде до трите победа. Поведоа со голот на Луис Муриел во 22-та минута.

Конечните 2:0 ги постави Марио Пашалиќ со гол во 67-та минута.

По ова коло Јувентус е на петтата позиција со 72 бода, односно еден помалку од четвртиот Наполи и 3 помалку од втората Аталанта и третиот Милан.

Standings provided by SofaScore LiveScore