Јувентус полека но сигурно влегува во форма, ја запишаа втората победа во серија и воопшто втора во шест кола во Калчото оваа сезона.

Жртва на Јувентус денеска беше Сампдорија, која немаше сили да се спротистави на најтрофејниот италијански клуб.

Јувентус дојде во водство уште во 10-тата минута, по одличниот гол на Пауло Дибала по асистенција на Мануел Локатели.

Старата дама го удвои водството со голот на Леонардо Бонучи од пенал во 43-тата минута, откако во 16-те метри со рака играше Никола Муру.

Само една минута подоцна, Сампдорија намали на 2:1, со голот на Маја Јошида, по одличната асистенција од Антонио Кандрева.

На 3:1 по една голема грешка на дефанзивата на Сампдорија, зголеми одличниот Мануел Локатели со гол во 57-та минута, по асистенција на Дејан Кулуштевски.

Конечните 3:2 со еден убав гол ги постави Антонио Кандрева

Со оваа победа Јувентус во моментов се искачува на 9-тата позиција со осум бода по шест меча, додека Сампдорија со пет бода е на 14-тата позиција.