Партизан од Белград е во голема финансиска криза, принуден да продава, играчите под професионален договор си одат како слободни агенти поради неисплатени пати, па сега славниот клуб од престолнината на Србија мора да продава играчи од младинскиот погон.

Првата понуда и тоа од милион евра, пишуваат медиумите од Србија, стигнала од Јувентус за напаѓачот Самир Баждар кој има само 17 години.

Баждар во Партизан дојде од Нови Пазар во 2018 година, тој е капитен на кадетската екипа и можно засилување на Јувентус кој секако веднаш нема да го стави во сениорскиот тим. Младиот играч на Партизан минатата година запиша 27 гола на 22 меча.