Јувентус нема победа по првите 4 кола во Серија, одигра нерешено на дербито со Милан 1-1 во Торино, а гостите од Милано во финишот пропуштија шанса за освојување на трите бода.

„Старата дама“ поведе со голот на Мората по само четири минути игра, а гостите израмнија преку Ребиќ во 76 минута. Гостите од Милано имаа две шанси во финишот и за три бода, а особено сериозна беше на Калулу кој одлично шутираше во 86 минута, а Счесни го спаи Јуве од пораз.

Јувентус е на 18 место по четири одиграни кола со само два бода, Милан е втор со 10 бода, на делба на првата позиција со Интер.