Сасуоло успеа да го победи Јувентус во Торино со 2:1 во 10 коло од Серија А.

Гостите поведоа во 44 минута преку Фратеси а „Старата Дама“ израмни благодарение на голот на Меккени во 76 минута, но гостите имаа план да слават а тоа им го овозможи Лопез во 94 минута.

Ова беше прва победа на Сасуоло против Јувентус по онаа во мај 2015 година.

Аталанта славеше на гостувањето кај Сампдорија со 3:1.

Удинезе и Верона одиграа 1:1, Илија Несторовски остана на клупата за резерви кај домаќините.

Standings provided by SofaScore LiveScore