Адана Демирспор тимот каде што оваа година настапува Марио Балотели успеа да дојде до неверојатно реми иако имаше негатива од три бода и тоа против еден од најголемите турски великани.

Тие губеа со 3:0 од Бешикташ на гостински терен, но на крајот стигнаа до реми во шестата минута од продолжението на мечот.

Марио Балотели беше еден од хероите на гостите, а стигна и да ги испровоцира домашните играчи и навивачи.