Новиот прволигаш во Ла Лига Кадиз направи вечера сензација триумфирајќи над актуелниот шпански првак со 1-0.

Триумфот на гостите им го донесе репрезентативецот на Хондурас Антони Лозано уште во 16 минута.

Реал до крајот не успеа да се спаси барем од пораз и за прв пат не постигна гол на домашен терен во Ла Лига од ноември 2019 по ремито без голови против Бетис.