Новиот шпански прволигаш Кадиз продолжи вечерва со одличните игри во Ла Лига, откако со два гола во рок од три минути славеше на гостувањето кај Еибар.

Предноста на гостите им ја донесе Негредо во 36 минута, а Санчез ги постави конечните 2-0 во 39 минута.

 

 

Кадиз сега има 14 бодови, исто колку и водечкиот Реал Сосиедад, кој својот натпревар од 8 коло го игра в сабота како гостин против Селта Виго.