Во рамки на 31. коло од ПМФЛ, Академија Пандев на домашен терен го декласираше Вардар со високи 3:0.

Во Струмица, сите погодоци беа постигнати во првиот дел, додека во второто полувреме немаше особени возбудувања.

Оттаму, стрелци за домашниот состав во првиот дел беа, Радевски во 14. минута преку пенал, потоа стрелаше Крстовски во 28. минута, а конечниот резултат повторно од белата точка го постави овојпат Стоилов во 35. минута од мечот.