Супер дербито меѓу Борусија Дортмунд и Баерн Минхен се игра од 18-30 часот, ова е меч за титулата во Бундеслигата кој се игра без публика.

Новите мерки кои се применуваат според медицинскиот протокол покажаа колку фудбалот во моментов е „празен“…

Околу стадионот „Сигнал Игуна Парк“ во Дортмунд нема вообичаена гужва, тоа беше видливо кога пристигнаа фудбалерите на Дортмунд со официјалниот авобус, изостана поддршката од навивачите кои не смеат да бидат ниту во близина на арената.