Неверојатен и возбудлив натпревар одиграа Сасуоло и Наполи, средбата заврши нерешено 2-2.

Наполи водеше  до 72 минута со 2-0 со головите на Руиз и Мертенс.

Но во 72 минута, Сасуоло намали на 1-2 преку Скамарка, а во 89 минута погоди Ферари за 2-2. во 93 минута ВАР поништи гол за Сасуоло, а Наполи се спаси од пораз.

Елиф Елмас одигра едно полувреме, го запиша 100-от натпревар во дресот на Наполи.

Наполи е прв со 36 бода, на второто место е Милан со бод помалку, Сасуоло е на 12 место со 19 бода.