Баерн Минхен со 4-2 ја победи Борусија Дортмунд, иако шампионот на Германија губеше со 0-2, на крај со хет-трик на Левандовски запиша триумф со неверојатен пресврт.

Се започна супер за Борусија, Халанд погоди два пати од 2 до 9 минута, но стигна одговорот од Левандовски, тој погоди исто така два пати за 2-2 по 45 минути игра.

Вовторото полувреме долго се играше бе голови, но пред крајот за само две минути, во 88 и 90 минута, Горецка и Левандовски погодија за триумф на шампионот на Германија со 4-2.

Баерн Минхен е прв на табелата  со 55 бода, има два  повеќе од  Лајпциг, додека екипата на Борусија Дортмунд сега е на 6 место со 39 бода.