Неверојатно второ полувреме во Мадрид, Реал поведе, Сити го сврте мечот, конечен резултат 1-2 за екипата од Манчестер.

Реал поведе со голот на Иско во 60 минута од средбата.

Екипата од Манчестер не се предаде, прво успеа да израмни преку Габриел Жезус во 78 минута.

Победата со пресврт на Сити му ја донесе  Кевин Де Брујне во 83 минута од пенал. Ова е голема предност за екипата од Манчестер пред реваношт во Англија.