Брајтон запиша херојска победа против новиот шампион на Англија, Сити водеше со 2-0, на крај запиша пораз со 3-2, решавачкиот гол за триумф на домашните е дело на Барн во 76 минута.

Сити водеше со 2-0, головите беа дело на Гундоган во првиот дел уште во 2 минута, а потоа по 3 минути игра во вториот дел преку Фоден зголемија на 2-0.

Од 50 до 76 минута комплетен пресврт на Брајтон, голови на Тросард, Вебстер и Барн кој го постигна победничкиот гол.