Саутемптон го победи Вотфорд со 3-1 на гости, запиша победа со која се зацврсти на средината на табелата во Премиерлигата.

Ингс двоен стрелец за Саутемптон, погоди во 16 и 70 минута, вториот гол по грешката на голманот на Вотфорд кој почетнички реагираше.

Гол за Саутемптон постигна и Вард Провс кога ги постави конечните 1-3. Единствениот гол за Вотфорд е всушност автогол на Беднарек.