Какво дерби донесе дуелот меѓу Милан и Интер во четвртфиналето на Купот на Италија, црвен за Ибрахимовиќ, за малку тепачка меѓу Швеѓанецот и Лукаку, се повреди и судијата Валери, а Ериксен во 97 минута од слободен удар го однесе својот тим во полуфинале.

Ибрахимовиќ го доведе Милан во водство со 1-0 во 31 минута. Пред крајот на првиот дел Лукаку и Ибра влегоа во вербален дуел, имаа и физички контакт, за среќа до поголем инцидент не дојде.

Во вториот дел Ибра доби црвен по стартот врз Коларов, а потоа Лукаку израмни од пенал за Интер во 71 минута. Интер напаѓаше, Татарушану бранеше се, но не и слободниот удар на Ериксен во 97 минута, мајсторија за полуфинале на екипата од „Џузепе Меаца“ каде го очекуваат подобриот од Спал и Јувентус.