Украина со пораз од Холандија го започна ЕУРО, не се посрамотија, напротив покажаа дека се квалитетен тим, Македонија ќе мора да одигра најдобро што знае за да ги победи.

Холандија прими два гола од Украина а победи со 3-2, едниот е вистинско ремек-дело на Јармоленко, тој во 75 минута намали на 2-1, со овој гол кој се прераскажува.

Јармоленко е играч на Вест Хем од 2018 година, запиша за тимот од Англија 47 настапи и 7 гола, во дресот на Украина има 94 настапи и 41 гол!

Македонија ќе треба добро да внимава на овој играч, има 31 година, големо искуство, голгетер во вистинска смисла на зборот.

Дуелот меѓу Македонија и Украина се игра во четврток од 15 часот во Букурешт.