Фудбалерите на Милан ја прекинаа низата порази во Серија А откако вечерва ремизираа на домашен терен против Лече со 2:2. Ова беше прв натпревар за Стефано Пиоли на клупата на „росонерите“.

Чалханоглу постигна и беше асисистент за реализиацијата на резервистот Пјонтек во 81 минута.

За гостите Бабачар по неуспешено извесениот пенал успеа од втора да го совлада Донарума.

 

Конечните 2:2 ги постави Калдерони во втората минута од судиското надополнување за 2:2 и големо разочарување кај домашната публика.