Фудбалерите на Еквадор се пласираа во четвртфиналето на „Копа Америка“ откако ремизираа со Бразил 1:1 во последното коло од групната фаза.

Избраниците на Тите кои веќе го заверија својот пласман во елиминациите одиграа натпревар без поголем притисок. Поведоа преку Милитао во 37 минута а за Еквадор да дојде до реми се погрижи Миња во 53 минута.

На вториот меч одигра вчеравечер, Перу славеше над Венецуела со 1:0.