Селекцијата на Камерун во својот прв натпревар на Афричкиот Куп на нации ја совлада Гвинеја Бисау со 2-0, откако по првите 45 минути резултатот беше оној почетниот.

Репрезентацијата која ја предводи Кларенс Сидорф постојано го контролираше натпреварот, но го отвори резултатот дури во 66-тата минута, кога мрежата ја погоди Јаја Банана. Конечните 2-0 само три минути подоцна ги постави резервистот Бахоген. Овие три бода на крајот за Камерун може да се покажат како исклучително значајни во борбата за пласман во нокаут фазата.

Ова беше прв натпревар од групата „Ф“, а денешната програма ја заокружуваат вечерва репрезентациите на Гана и Бенин.