Каспер Долберг по три години минати во Ајакс кариерата ќе ја продолжи во Ница.

Францускиот тим со нов сопственик на Ајакс му плати 20 милиони евра за напаѓачот кој во последната сезона не успеа да избори место во првиот тим на екипата од Холандија.

Долберг во минатото се поврзуваше со голeми клубови од Европа но најверојатно пред да направи таков трансфер ќе мора прво да се докаже во Ница која има сериозни амбиции откако нов газда на клубот е милијардерот, Џим Ратклиф.