Евертон победи на гостувањето кај Арсенал со 1:0 во натпреварот од 33 коло во Премиер лигата.

Берн Лено е херојот за гостите а трагичар за домаќините, откако реагираше неспретно во 76 минута по која „Карамелите“ дојдоа до предност и три бода.

Со оваа победа Евертон дополнително се зацврсти на осмото место на табелата пред Арсенал.