Тами Абрахам ја искористи грешката на голманот на Шефилд Јунајтед за водство на Челси од 1:0 по 19 минути на „Стенфорд Бриџ“.

Голманот на Манчестер Јунајтед кој е позајмен во Шефилд направи неверојатен кикс по првиот удар на Абрахам и му овозможи на младиот напаѓач на Челси да добие нова шанса за удар и да му донесе водство на „сините“.

До крајот на првото полувреме, Абрахам постигна уште еден гол за 2:0 за Челси, резултат со кој се замина на пауза.