Напаѓачот на ПСЖ, Единсон Кавани, постигна гол на вчерашната победа над екипата на Бордо (4:3).

За него ова е 200-ти гол во дресот на клубот од Париз на сите натпреварувања, а за тоа му беа потребни 298 натпревари.

Кавани постигна 138 гола во Лига 1, 30 гола во Лига на шампионите и 32 гола во француските Куп натпревари.

Со ова Кавани стана најдобар стрелец во историјата на ПСЖ.

Топ-10 најдобри стрелци во историјата на ПСЖ:

1. Единсон Кавани – 200 гола

2. Златан Ибрахимовиќ – 156

3. Педро Паулета – 109

4. Доминик Рошто – 100

5. Мустафа Далеб – 98

6. Франсоа М’Пеле – 95

7. Сафет Сушиќ – 85

8. Килиан Мбапе – 84

9. Анхел Ди Марија – 81

10. Раи – 72.