Прва победа за Тотенхем додека Јувентус подготовките ги започна со пораз, во Сингапур, тимот од Англија славеше со гол од центар на Хари Кејн со 3-2.

Во рамки на „Интернационалниот Куп на шампиони“, Тотенхем го победи Јувентус, интересен натпревар со пет голови и еден кој е вистинско ремек дело на Хари Кејн во 93 минута, гол од центар за победа на Англичаните.

Ламела и Моура постигнаа голови за Тотенхем за водство од 1-0 и 2-1, Јувентус успеа  да израмни преку Игуаин и да поведе преку  Роналдо 1-2 но на крајот загуби со спектакуларен гол на Кејн.