Фудбалерите на Келн ги израдуваа присутните на „Рајн Енерџи Стадион“ откако го победија Шалке 04 со 3:0 и со ова напредуваа на табелата во Бундес лигата до десетото место.

Бронав му донесе почетно водство на Келн во 9 минута, Кодоба во 39 минута зголеми на 2:0 а конечните 3:0 беа дело на Нубел кој постигна авто-гол во 75 минута.

 

Ова за Шалке беше втор пораз во низа по кој останаа на шестото место но може да ја загуби позицијата ако утре Волфзбург слави кај Унион Берлин.