Бундеслигашот Келн игра одлично на последните три средби во шампионатот на Германија, запиша нова победа, вечерва славеше против Падерборн на гости со 1-2.

Келн е во серија од три победи, вечерва победи со головите на Мере и Хектор кој постигна навистина прекрасен гол кога ги доведе „јарците“ до предност од 2-0. Единствениот гол за Падерборн го постигна Денис Србени во 73 минута.