Долгогодишниот член на Манчестер Јунајтед, прво како играч а потоа и како дел од стручниот штаб на Солскјер, Мајкл Керик по три натпревари минати на клупата на првиот тим одлучи да го напушти клубот, каде сега на позицијата главен тренер ќе бид Ралф Рангник.

Манчестер Јунајтед под водство на Керик победи на гостувањето кај Виљареал во Лигата на шампионите со 2:0, ремизираше 1:1 против Челси во Лондон и го победи Арсенал на „Олд Трафорд“ со 3:2.

Од клубот му посакаа среќа во следните предизвици во кариерата.