Милан без Златан Ибрахимовиќ и без Ромањоли и Мучасио успеа да слави на гостувањето кај Кротоне со 2:0 во 2 коло од Серија А.

Кеси го отвори резултатот во 45 минута од пенал, за 2:0 реализираше Диаз во 50 минута.

Во следното коло Милан ќе ја пречека Специја а Кротоне ќе гостува кај Сасуоло.