Селтик не можеше да одоле на последната понуда на Арсенал од 27 милиони евра и се согласи да го продаде младиот лев бек.

Киреан Тирни ги мина лекарслите прегледи во Лондон и потпиша повеќегодишен договор со екипата за која навивал од детството. Тој ќе го носи бројот три а претставува пето летно засилување за „Топџиите“.