Шпанската фудбалска репрезентација вечерва не успеа да го задржи максималниот ефект во евроквалификациите откако во седмото коло ремизираше на гостувањето кај Норвешка 1:1.

Саул им донесе водство на гостите во 47 минута а конечни 1:1 ги постави Кинг од пенал во 95 минута.

 

Во групата Ф, вечерва Шведска славеше убедлива победа на гостувањето кај Малта од 4:0.