Шкупи ја совлада Шкендија со 2-0, решавачки головите на Јурина во второто полувреме, трагичар Бесарт Ибраими кој не искористи пенал во првото полувреме.

Бесрат Ибраими промаши цел гол во 25 минута од единаесет метри на „Чаир“ и пропушти можност да и донесе предност на Шкендија.

Казната стигна во вториот дел кога Јурина во 65 минута погоди за предност на Шкупи и донесе радост на навивачите на „Чаир“. Јурина во првиот дел имаше неколку шанси за гол.

Конечниот резултат Јурина го постави  во 85 минута од мечот, за Шкупи ова е четврта победа во осмиот настап сезонава со која се искачи на третата позиција на табелата, шампионот Шкендија падна на петото место.