Бразилската фудбалска ѕвезда, Роналдињо, е упасен вчера во Парагвај и се наоѓа во притвор поради влез во земјата со фалсификуван пасош.

Полицијата во Парагвај иако знаела дека Роналдињо влегол во државата со неисправни документи, не го упасила веднаш за да избегне поголемо медиумско внимание.

Роналдињо во Парагвај дошол со својот брат, во притвор е и Вилмонд Соуса Лира кој му ги продал пасошите на Бразилецот.

Во текот на денот, Роналдињо и неговиот брат ќе бидат спроведени во суд, во моментов се во хотелот каде се сместиле и се под строга контрола на полицијата.