По повод 80-от роденден на легендатата на бразилскиот и светскиот фудбал Пеле, Светската фудбалска федерација (ФИФА) денеска објави специјално видео во кое бројни фудбалски имиња му го честитаат роденденот.

Спецјални честитики испратија Јирген Клоп, Жозе Мурињо, Зинедин Зидан,  Кафу, Мајкл Овен. Роналдо, Кака, Бастијан Швајнтајгер, Дидие Дрогба, Карлес Пујол, Џани Инфантино, Икер Касиљас, Карл Хајнц Румениге, Марио Загало, Гари Линекер и Самуел Ето.

Сакам да знаеш дека мојот роденден во 2006 беше еден од најголемите денови во мојот живот. Тогаш ти ми го подари твојот дрес со бројот 10, потпишан од тебе. Вечно ќе го чувам“, порача во честитката до Пеле тренерот на Ливерпул Клоп.