Емануел Денис го шокира Реал во Мадрид, Клуб Бриж води со 2-0 на „Сантјаго Бернабеу“, шокантен развој за гигантот од Шпанија.

Ова е непријатна најава за Реал на овој натпревар на кој „кралевите“ важат за апсолутни фаворити. Секако сеуште има време за пресврт, но ова се сигнали дека Реал е пред шокантен пораз.

Белгијците пред крајот на првиот дел поведоа и со 0-2, повторно погоди Денис во 39 минута.

Во Бергамо, Аталната поведе со голот на Запата во 28 минута, преходно, Иличиќ не искористи пенал за екипата од Италија. Пред крајот на првиот дел, израмнување преку Мораеш во 41минута.