Атлетико Мадрид е на добар пат да избие на првото место на табелата во Ла Лига откако ја совлада Барселона со 1:0 во натпревар од 10 коло.

Единствениот гол на натпреварот го постигна Караско пред крајот на првото полувреме. Ова се покажа како доволно за шеста овосезонска победа на „Јорганџиите“ кои сега се на второто место на табелата и натпревар помалкуи од лидерот Реал Сосиедад.

Во следното коло Атлетико Мадрид ќе и гостува на Валенсија а Барселона е домаќин на Осасуна.

Standings provided by SofaScore LiveScore