Јувентус и Верона одиграа нерешено 1-1, шампионот на Италија се спасуваше од пораз со гол на Кулушевски во 78 минута од средбата.

Верона за прв пат по 32 години непоразена го напушта Торино, гостите поведоа со голот на Фавали во 60 минута.

Клушевски го спаси Јувентус од пораз со гол во 78 минута, реализираше за 1-1 и бод за „старата дама“.

Јувентус на табелата е на 5 место, Верона во моментов е на 8 позиција.