Браќата Азар во репрезентативецниот дрес на Белгија уште еднаш се покажаа како клучен сегмент во офанзивната филозифија на Роберто Мартинез.

Офанзивниот играч на Борусија, Торган Азар постигна прекрасен гол во 19 минута на гостувањето кај Русија за водство на Белгија од 1:0.

Повозрасниот од браќата Азар, Еден зголеми на 2:0 во 33 минута на „Газпром Арената“ во Санкт Петерзбург за радост на гостински фанови а потоа резализираше и за 3:0 во 40 минута.

Дуелот меѓу Русија и Белгија е дел од 9 коло во групата И од квалификациите за пасман на ЕУРО 2020. И двете селекции веќе имаат обезбедено учество на континенталниот собир.