Португалскиот фудбалски репрезентативец Кристијано Роналдо му го разубави денот на едно детенце кое е навивач на Јувентус. Го покани да седи на клупата на италијанскиот шампион за време на натпреварот против Тотенхем кој беше дел од Интернационалниот куп на шампионите.

Јувентус мечот го загуби со 3-2, а пак Роналдо беше стрелец на еден од погодоците за италијанскиот тим.